И Козенца влезе во трката за ангажман на Несторовски

Уште еден италијански тим го посакува голгетерот на Удинезе и македонски репрезентативец Илија Несторовски. Сега во списокот на оние кои го сакаат напаѓачот е тимот на Козенца, кој се натпреварува во Серија „Б“. Според пишувањата во италијанските медиуми, Козенца веќе влегла во преговори за потписот на Несторовски.

Несторовски исто така е баран и од Сампдорија, како и од Реџина, а и Палермо посакува да го врати во своите редови.

Несторовски во оваа сезона главно добива шанса од клупата, а неговиот договор истекува на крајот на сезоната. Од тука во зимскиот преоден рок може да си бара нов ангажман, каде што ќе добива поголема минутажа и каде што ќе има долгорочен договор.

Се вчитува...