И Партизани Тирана во трка за Хасани

И Партизани Тирана е во трка за услугите на македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани, пренесуваат дел од албанските медиуми.

И покрај тоа што се чинеше дека е веќе пред потпис со Тирана кои му понудија месечна плата од 12.000 евра, сепак Хасани не дал потврден одговор за ангажман во редовите на Тирана. Па сега со своја понуда се активира Партизани Тирана кој есенскиот дел од првенството во Албанија го заврши на третата позиција, останувајќи во битка за шампионската титула.

Хасани на крајот од минатата година го заврши договорот со фински Хелсинки, па сега е пред враќање повторно во фудбалот на Балканот.

Се вчитува...