Поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими го запиша и својот петти погодок сезонава во дресот на албанскиот суперлигаш Кукс.
Во 11. коло од шампионатот на Албанија, Кукс доживеа убедлив пораз од 4-1 на гостувањето против Партизан Тирана, а Ибраими погоди од пенал во 90. минута колку за почесен погодок на неговиот тим.
Покрај пет погодоци во десет натпревари во првенството, 32-годишниот Ибраими сезонава има и два гола во Купот на Албанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА