Претседателот на Светската атлетска федерација, Себастија Коу, изјави дека не може да гарантира дека претстојното Светско првенство во Лондо ќе помине без допинг случаи.
„Тоа е утопија, луѓето секогаш ќе се обидуваат да измамат“ – изјави Коу за Би-би-си.
Допингот се растечки проблем во спортот посебно во атлетиката. ИААФ во ноември 2015 година ги суспендира руските атлетичари од меѓународните натпреварувања поради големата допинг афера во која била вклучена и државата. Коу нагласи дека сега е многу побезбеден системот за откривање на спортистите кои користат недозвиолени стимулативни средства.
„Имаме технологија која ни овозможува да бидеме многу попрецизни околу тоа што го бараме. Би сакал да можам да ви кажам дека идните натпреварувања ќе бидат без допинг случаи. Се што правиме е во служба на тоа, но знаеме дека секогаш ќе има некој што ќе мами. Имаме механизми со кои се бориме и ќе бидеме многу поцврсти и побрзи во оваа борба“ – вели Коу.
Светското атлетско првенство ќе се одржи од 4 до 13 август во Лондон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА