Ибица со понуда за Тодороски, интерес и од Турција, Словачка…

Македонскиот репезентативец Тодор Тодороски е во потрага на нов клуб, откако раскина со словачки Серед.

Во моментов Тодороски има неколку понуфи на маса, меѓу кои и од шпанскиот второлигаш Ибица. Останатите понуди се од тимови од Турција, Словачка, Унгарија.

Тодороски во минатото беше дел од Осијек, Раднички Ниш, Шибеник, а од македонските клубови настапуваше за Вардар и Металург.

Тодороски е стандарден репрезентативец по доаѓањето на Благоја Милевски на кормилото. Има четири настапи за сениорскиот национален тим.

Се вчитува...