Ибракадабра…Златан дојде на лов во Штип

Беше повреден за Суперкупот на УЕФА со Манчестер јунајтед, но Златан Ибрахимовиќ реши да ја посети Македонија приватно. Напаѓачот на Манчестер јунајтед, кој во моментов повторно е надвор од терените поради повреда, денеска секако беше главна атракција во Штип.

Тој е дојден на лов, и треба да остане и во наредните неколку денови, а дел од најсреќните штипјани имаа и можност да се фотографираат за спомен со легендарниот напаѓач.

Швеѓанецот е најновата фудбалска ѕвезда која доаѓа во Македонија на лов, откако претходно беа и Единсон Кавани, Диего Милито…

Се вчитува...