ЕКИПА Топ 5: Идеална петорка на првото коло

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига. Јасно е дека пандемијата на коронавирусот сериозно ќе влијае на навремено одигрување, без никакво одложување, на сите натпревари од актуелно коло, поради што во изборот влегуваат натпреварите кои единствено се одиграле согласно протоколите за заштита од Ковид-19.

Првото коло во домашното првенство донесе вистински возбудувања на терените ширум Македонија. На четирите одиграни натпревари победи забележаа ФМП Акадeмија, Куманово, Еуро Никел и Работнички, од каде очекувано и изборот на најдобрите во идеалната петорка на колото.

Дамиер Питс беше предводникот на Работнички во триумфот над МЗТ Скопје со 29 поени и 8 асистенции, а на истиот натпревар блесна и Девон Вашингтон со 17 поени и 7 скока. Роналд Харис го предводеше тимот на ФМП Академија до голема победа над Гостивар со 18 поени, 5 асистенции и 4 украдени топки, додека Горјан Марковски со 14 поени и 6 скока беше меѓу најдобрите во составот на Куманово.

Во идеалната петорка место и за младиот Андреј Андоновски кој во поразот на МЗТ Скопје Уни Банка од Еуро Никел забележа 12 поени, а еден скок го делеше од дабл-дабл учинок, собирајќи 23 индексни поени.

Се вчитува...