Играч на 2. коло плеј-аут: Филип Бакоч (ВИДЕО)

Второто коло од плеј-аутот во Првата кошаркарска лига ни донесе три возбудливи натпревари по кои на победи се радуваа МЗТ Скопје 2 кој го доби гостувањето во Кисела Вода против Академија ФМП, Куманово кој го одбрани домашниот терен од Ангели и Работнички кој во Скопје славеше против Кожув.

Изборот на ЕКИПА за најдобар играч на 2. коло е кошаркарот на „академиците“ Филип Бакоч кој натпреварот против „штркчињата“ го заврши со дабл-дабл од 28 поени и 13 скока. Притоа крилото реализираше три од шест обиди за три, а имаше и три асистенции и една украдена топка.

Се вчитува...