Играч на 3. коло плеј-аут: Душан Јузбашиќ (ВИДЕО)

Третото коло од плеј-аутот во Првата кошаркарска лига ни донесе три возбудливи натпревари по кои на победи се радуваа домаќините. Ангели славеа против Работнички, Куманово против Академија ФМП, а Кожув го доби дуелот против МЗТ Скопје 2.

ЕКИПА изборот за играчот на 3. коло од плеј-аутот му припадна на центарот на кумановци Душан Јузбашиќ кој оствари неверојатен дабл-дабл учинок од 24 поени и 22 скока од кои 10 во нападот. Притоа Србинот додаде и 3 украдени топки, 2 асистенции и еден блок.

Се вчитува...