Играч на 4. коло плеј-аут: Тач Унрух (ВИДЕО)

Четвртото коло од плеј-аутот ни донесе три возбудливи дуели во кои на победи се радуваа Кожув кој го доби гостувањето во Скопје кај Академија ФМП, Работнички кој на домашен терен славеше против Куманово, како и МЗТ Скопје 2 кој го одбрани својот дом од Ангели.

ЕКИПА избор за играч на 4. коло од плеј-аутот е Тач Унрух, бекот на Кожув кој доминираше во Кислеа Вода. Американецот мечот го заврши со неверојатни 45 поени проследени со реализација 6/11 за два и 8/11 за три, а згора на тоа додаде и 11 скока и 2 асистенции, а не забележа ниту една изгубени топка.

Се вчитува...