Играч на 5. коло плеј-аут: Леонид Тодоровски (ВИДЕО)

Петото коло од плеј-аутот ни донесе три возбудливи натпревари по кои на победи се радуваа Академија ФМП кој го доби гостувањето кај Работнички со 87-92, Ангели кои славеа на домашен терен против Кожув со 78-68 и Куманово кој славеше против МЗТ Скопје 2 со 97-78.

ЕКИПА играч на 5. коло од плеј-аутот е центарот на „академиците“ Леонид Тодоровски кој го предводеше својот тим до победа со 32 поени, 4 скока, 2 асистенции и 3 украдени топки.

Се вчитува...