Играч на 7. коло плеј-аут: Декардо Деј (ВИДЕО)

Седмото коло од плеј-аутот на Првата кошаркарска лига донесе нови три возбудливи натпревари по кои на победи се радуваа Академија ФМП која славеше во Аеродром против МЗТ Скопје 2, Ангели кои го одбранија домашниот терен од Куманово и Кожув кој го доби трилерот против Работнички во Гевгелија.

Херојот на гевгеличани беше Декардо Деј кој на секунда пред крајот на мечот постигна тројка со која беше поставен конечниот резултат, а токму Американецот е и изборот на ЕКИПА за играч на 7. коло. Бекот мечот го заврши со вкупно 35 поени, 8 скока, 5 асистенции и 2 блока.

Се вчитува...