Играч на 9. коло плеј-аут: Филип Бакоч (ВИДЕО)

Деветото коло од плеј-аутот ни донесе три возбудливи натпревари кои за жал беа без резултатско значење. Во нив до победи стигнаа Академија ФМП која го доби гостувањето во Гевгелија против Кожув, Куманово кој го одбрани домашниот терен од Работнички и Ангели кои го добија „фенерџискиот“ дуел против МЗТ Скопје 2.

ЕКИПА избор за играч на 9. коло од плеј-аутот е Филип Бакоч кој доминираше во „26ти Април“. Крилото го предводеше својот тим до победа со „ол-ароунд“ натпревар од 33 поени, 10 скока и 7 асистенции.

Се вчитува...