Игуаин доаѓа на „Стемфорд бриџ“

Англискиот премиерлигаш Челси ќе го доведе аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин како позајмен играч од Милан до крајот на сезоната. Двата клуба постигнале согласност и зделката треба да биде реализирана до крајот на оваа седмица.

Менаџерот Маурицио Сари одлично ги познава квалитетите на Игуаин од периодот кога заедно беа дел од Наполи. Аргентинецот во Челси ќе заработува 140.000 фунти неделно, а клубот има опција комплетно да го откупи за сума од 32 милиони фунти. Тој се уште е формално играч на Јувентус, а во Милан исто така настапуваше како позајмен фудбалер.

Од Челси дефинитивно си заминува Алваро Мората кој е пред договор за позајмица со шпанскиот прволигаш Севилја.

Се вчитува...