Игуаин е цврсто решен да оди во Челси

Напаѓачот на Милан, Гонзало Игуаин побарал од раководството на клубот да го пушти во Челси во јануарскиот преоден рок.

Менаџерот на Челси, Маурицио Сари повторно сака соработка со Игуаин како од времето во Наполи, па е цврсто одлучен да го доведе во своите редови најмалку барем на позајмица со право на откуп потоа на целиот договор.

Аргентинецот во моментов е на позајмица во Милан од Јувентус. И од Јуве посакуваат да оди во Челси, како што се тврди, поради можноста во тој клуб повеќе да го покаже својот потенцијал па потоа полесно да добијат пари за негов трансфер.

Милан е блиску да го пушти да оди во Челси, а целата работа би можела да се заокружи и со трансфер на Алваро Мората кој е на мета на седумкратниот европски шампион.

Се вчитува...