Игуаин се разбуди и донесе победа на Милан

Милан по четирите натпревари без постигнат погодок конечно успеа да го најде патот до противничката мрежа, и тоа со два гола правејќи резултатски пресврт за победа над СПАЛ од 2-1.

Џенаро Гатузо се соочуваше со огромен притисок поради слабите игри во последно време, а ситуацијата за „росонерите“ уште повеќе се искомпликува откако Петања го совлада Донарума за молк на домашните навивачи на „Сан Сиро“. Кастилјехо беше играчот што донесе израмнување, за прв гол за Милан по пауза од речиси пет натпревари.

Пресвртот во второто полувреме го комплетирапе Гонзало Игуаин. Аргентинецот за кого се најавува дека во јануари ќе се пресели во Челси од непосредна близина ја затресе мрежата на гостите, на тој начин прекинувајќи го својот голгетерски пост од 865 минути без постигнат гол во сите натпреварувања, откако претходниот погодок го постигна во октомври против Сампдорија.

Милан го заврши натпреварот со десет фудбалери откако во самиот финиш поради два жолти картони исклучен беше Сусо, кој ќе го пропушти наредното гостување против Џенова.

Се вчитува...