Икарди му го донесе првиот пехар на Покетино со ПСЖ

Маурицио Покетино го освои првиот пехар како тренер на ПСЖ откако „светците“ вечерва го совладаа Олимпик Марсеј со 2-0 во рамките од Супер-купот на Франција. Станува збор за трофеј што ПСЖ редовно го освојува уште од 2013 година, но по поразот од Олимпик во првиот дел од првенството мотивацијата кај „светците“ беше уште поголема, да му се одмаздат на лутиот ривал.

Херој на мечот беше Мауро Икарди, голгетерот заборавен од Томас Тухел на кого Покетино му даде шанса, а сонародникот соодветно му возврати на довербата. Икарди го постигна првиот гол на мечот, а во второто полувреме врз него беше направен и пеналот што Нејмар го претвори во гол за водство од  2-0.

Олимпик Марсеј до крајот успеа само да го ублажи поразот со погодокот што го постигна Паје во 89. минута.

 

Се вчитува...