Има ли место за турнир меѓу УС опен и Ролан Гарос?

Организаторите на Мастерсот во Мадрид се надеваат дека турнирот може да биде организиран подоцна годинава. Поради пандемијата од коронавирусот суспендирани се сите турнири на земја, а Ролан Гарос е презакажан за 20. септември, само седум дена по УС опен.

Сепак, раководните лица на Мастерсите во Мадрид и Рим се уште не се откажуваат турнирите сепак да биде одиграни.

„Тоа е најдобар термин. Но, не можеме да бидем како Ролан Гарос и само да го соопштиме датумот. Мораме да следиме како ќе се одвива ситуацијата, а потоа да реагираме“, изјави Џерар Цобанијан, извршниот директор на турнирот во Мадрид. 

Тениската сезона би требало да продолжи на 8. јуни, но се поголем е бројот на оние кои сметаат дека тенис нема да се игра уште долго.

Се вчитува...