Имобиле и „проектил“ на СМС доволни за место во четвртфиналето од Купот на Италија

Двоецот Чиро Имобиле и Сергеј Милинковиќ-Савиќ беше сосема доволен за лесен пласман на Лацио во четвртфиналето од Купот на Италија.

„Лацијалите“ без поголеми проблеми стигнаа до победата од 4-1 против Новара во осминафиналната пресметка благодарение на четири погодоци постигнати уште во првото полувреме.

Најпрво Алберто уште во 12. минута го доведе Лацио до водство, а потоа следеа два гола на Имобиле и еден на српскиот репрезентативец Милинковиќ-Савиќ во 45. минута директно од слободен удар за водство од 4-0…

 

Гостите во второто полувреме успеаја само да стигнат до почесен погодок преку Еусепи од пенал во 49. минута.

Се вчитува...