Интер го суспендираше Наинголан: Скандалите на Белгиецот веќе не се трпат!

Интер потврди дека го суспендираше од било какви фудбалски активности својот фудбалер Раџа Наинголан поради нарушување на дисциплината во клубот.

Од Интер не објаснуваат точно кои се причините за овој чекор, но единствено информираат дека Наинголан е под суспензија. Според информациите до кои дошле италијанските медиуми, Белгиецот наводно доцна пристигнал на денешниот утрински тренинг поради што следела суспензијата.

Изминатово лето Наинголан за 38 милиони евра пристигна во Интер од Рома, но постојано го следат скандали како коцкање и постојано конзумирање цигари и алкохол…

Интер сега го казнува на само три дена пред дербито со Наполи кое фудбалерот од средниот ред ќе го пропушти. Инаку, претходно и Рома оваа година двапати го суспендираше. Истиот тренд продолжува и во Милано.

Се вчитува...