Интер го „торпедираше“ Беневенто за четвртфинале во Купот

Интер, сосема очекувано, без апсолутно никакви проблеми стигна до четвртфиналето во Купот на Италија откако во осминафиналната пресметка стигна до убедлива победа од 6-2 против Беневенто.

Триумфот на „нераѕурите“ го најави Икарди од пенал уште во 3. минута, а Кандрева веќе во 7. минута донесе и 2-0. Пред полувремето Далберт зголеми на 3-0.

 

Во второто полувреме стрелец за Интер беше и Мартинез во 48. и во 67. минута од средбата, а шестиот гол во 92. минута беше дело повторно на Кандрева. Два гола за гостите постигнаа Инсиње и Бандинели.

 

Пласман во четвртфиналето од Купот на Италија претходно обезбедија и Лацио, Милан, Јувентус и Фиорентина.

Се вчитува...