Интер ја засилува одбраната: Андерсен до крајот на јануари, Годин доаѓа на лето

Италијанскиот калчолигаш Интер има намера да ја засили одбраната и веќе ги „пикира“ потенцијалните засилувања. Тренерот Лучијано Спалети посакува на „Џузепе Меаца“ да пристигнат Јоаким Андерсен, дефанзивецот на Сампдорија, и Диего Годин, искусниот одбранбен фудбалер на Атлетико Мадрид. Одредена е и динамиката за евентуалните трансфери.

Интер инсистира да го доведе Андерсен во зимскиот преоден рок. Преговорите се во тек, а „нероаѕурите“ би сакала да пристигне како позајмен играч до крајот на сезоната, со опција за комплетно откупување на договорот во јуни.

Уругваецот Диего Годин треба да пристигне во јуни, и тоа како слободен агент од Атлетико Мадрид. Неговото искуство сигурно би било добредојдено за дефанзивната линија на Интер. Од Милано си заминува ветеранот Миранда, кој се враќа во Бразил.

Се вчитува...