Италијанците не се откажуваат од Мастерсот во Рим, нов термин септември

Италијанската тениска федерација прави максимални напори да пронајде нов термин за одржување на турнирот од Мастерс 1000 серијата во Рим. Тој беше одложен заедно со Ролан Гарос и комплетната сезона на земја поради пандемијата на коронавирусот. Првичните идеи кои го соопшти претседателот на федерацијата, Анџело Бинаги, се турнирот да се одржи во септември.

„Планот е турнирот да се одржи. Идеално би било кога би пронаше термин пред Ролан Гарос. Би сакале да биде одигран во Рим, но подготвени сме да ја промениме и локацијата па дури и подлогата“ – изјави Бинаги.

Ролан Гарос е презакажан за терминот од 20.септември до 4. октомври. Проблем околу одржувањето на Мастерсот Рим во септември прави УС Опен кој е закажан за од 24. август до 13. септември.

 

 

 

 

Се вчитува...