Турските репрезентативци по победата над Франција полни со еуфорија отпатуваа на гостувањето против Исланд, но таму беа непријатно изненадени од дочекот на островската држава.
Имено, целокупната турска експедиција мина повеќе од три часа на аеродромот поради „специјална безбедносна контрола“, а и исландските новинари дополнително ги понижија фудбалерите на противникот, откако еден од нив земаше изјава од Емре Белозоглу наместо микрофон користејќи четка од шолја за тоалет.
„Ова е срамота. Шест и пол часа патувавме да стигнеме, а сега уште три часа не држат на аеродром. Сите торби ни ги отворија по неколку пати, па тоа е безобразлук“ – се пожали капитенот Бурак Јилмаз.
Министерството за Надворешни Работи на Турција испрати и протестна нота до Исланд за ваквиот однос и „нечистите игри“ во пресрет на спортската битка меѓу двете национални селекции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА