Изречени казни – Интер два меча без публика, Наполи без Кулибали и Инсиње

Тензичниот натпревар во кој Интер вчера славеше минимална победа против Наполи доби разрешница и од Дисциплинската комисија во Серија А.

Поради расистичкото дивеење на неговите навивачи кои го навредуваа фудбалерот на Наполи, Сенегалецот Калиду Кулибали, Интер ќе игра два натпревари без публика, а северната трибина на која се најжестоките навивачи на Интер, ќе биде затворена за уште еден натпревар дополнително.

Кулибали во финишот на натпреварот загуби нерви поради постојаните повици од трибините, па после жолтиот картон што го доби, иронично му аплаудираше на судијата и на публиката на трибините и заработи исклучување. Црвен картон во завршницата на натпреварот доби и неговиот соиграч Лоренцо Инсиње и тие двајца поради исклучувањата од Дисциплинската комисија исто така добија два меча суспензија.

Се вчитува...