Извлечени првите добитници од големата наградна игра на ЛУКОИЛ Македонија

Во тек е големата наградна игра на ЛУКОИЛ Македонија, за одбележување на Светското Првенство во фудбал што оваа година ќе се одржи во Москва, Русија. По завршување на првите две кола, доделени се наградите на среќните добитници од повеќе градови низ земјава.
Во првото коло добитници се: Бојан Кочев од Скопје, Панов Славе од Кавадарци, Беким Сефедин од Битола, Лазар Јованов од Скопје, Благој Трајковски од Битола, Егзон Али од с.Глумово.

А во второто коло среќни беа: Теодора Соколовска од Скопје, Гоце Данаилов од Скопје, Александар Грујовски од Скопје, Бобан Николоски од Гостивар, Љупчо Хечковски од Демир Хисар, Жанета Белавелкоска Оклеска од Прилеп. За фудбалските фанови, наградната игра е во тек и сé уште постои можност да се учествува во двонеделните извлекувања, како и во главното извлекување што ќе однесе тројца среќни добитници на полуфиналниот натпревар во Санкт Петерсбург, како и 2 карти за финалниот меч во Москва. Сите добитници, покрај картите за натпреварите ќе добијат и финансиска поддршка за реализирање на патувањето. Наградната игра трае до 12 јуни, а ЛУКОИЛ ги охрабрува сите свои корисници да се вклучат со испраќање на СМС порака на 149 499 со код од секоја направена сметка над 1000 денари, со што ќе станат потенцијални добитници на една од многуте вредни награди.

“Им честитам на среќните добитници во првите две кола од нашата наградна игра и со нетрпение го очекувам 12 јуни, денот кога ќе ги извлечеме главните награди и ќе ги израдуваме нашите потрошувачи – вљубеници во споротот. Воедно, тоа е датум кога се одбележува денот на Руската Федерација, па наградите ќе бидат симболично прославување на празникот“ – изјави Андреј М. Куку, регионалниот управител на ЛУКОИЛ Македонија.

Русија е речиси подготвена како домаќин да ги исполни сите очекувања за реализацијата на уште едно фудбалско Светско Првенство за паметење. Мундијалот ќе ќе се одигра во 11 градови и на 12 стадиони. Градови домаќини се: Москва со два стадиона, Санкт Петербург, Калининград, Казан, Нижни Новгород, Ростов на Дон, Сочи, Екатеринбург, Самара, Саранск и Волгогорад. Илјадници спортски фанови се очекува да ги посетат стадионите во периодот од 14 јуни до 15 јули, а меѓукои ќе бидат и наградените корисници на ЛУКОИЛ Македонија. Во период од 3 месеци извлекувањата ќе се вршат компјутерски, секоја втора недела, па така вкупно планирани се 7 извлекувања, а во последното, учествуваат сите испратени кодови и се извлекува главната награда.

Се вчитува...