Јаневски: Не треба да се фрла со дрва и камења по фудбалерите

Тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски, истакна дека поразот и елиминацијата од Купот на Македонија од тимот на Шкендија е очекуван по одлуката на управата да се настапи со комбиниран тим, без клучните играчи на актуелниот првак. Тој посочи дека вината за убедливиот пораз од 4-0 во Тетово не треба да се бара кај фудбалерите, кои самите ќе треба да извлечат поука.

„Добро се држевме првите 45. минути со овој комбиниран тим кој го изведовме денеска во Тетово. После се случуваа индивидуални грешки, и тука имавме проблеми. Имавме проблем и по страничните позиции. Не можам да замерам, играчите го дадоа максимумот и колку што можеа. Овој тим како денеска не може да се носи со овој предизвик. Не се виновни играчите, иако сметам дека уште многу да се работи. Ова треба да биде и поука за нив против една ваква искусна екипа која игра неколку години заедно. Не треба сега да се фрла со дрва и камења по фудбалерите, туку да биде школа за нив понатаму“, изјави Јаневски.

Се вчитува...