Јапонецот Камада од следната сезона станува „милионер“

После Рами Бенсебаини од Борусија Менхенгладбах, тимот на Борусија Дортмунд договори уште едно засилување. Станува збор за играчот од средниот ред Даичи Камада од Ајнтрахт Франкфурт.

26-годишниот фудбалер се договорил со раководството на Борусија Дортмунд и ќе потпише петгодишен договор. Според информациите, платата на Јапонецо ќе биде меѓу 5,5-6 милиони евра по сезона.

Спортскиот директор на „милионерите“ Себастијан Кел имал тајна средба со фудбалерот во средата, а Камада потврдил дека сака да го облече дресот на Борусија Дортмунд, и покрај интересот од други клубови од Шпанија и Англија.

Камада во 30 меча сезонава запиша 13 гола и 5 асистенции во сите натпреварувања.

Се вчитува...