Јоаким Лев почнува клупска кариера, Фенербахче му нуди договор до 2024 година

Турскиот фудбалски гигант Фенербахче му понудил договор до 2024 година на екс-германски селектор Јоаким Лев и сега очекува одговор од долгогодишниот кормилар на „панцерите“ за опцијата да седне на испразнетата клупа на истанбулскиот клуб.

Фенербахче го смени досегашниот тренер, Португалецот Витор Переира, па сега прва желба на раководството е да го донесат Лев, кој се споменуваше како опција и летоска после завршиувањето на Еуро 2020 кога во конкуренција за клупата беше и екс-македонскиот селектор Игор Ангеловски.

Италијанскиот новинар Николо Шира објави дека Турците ја испратиле понудата до Лев, за две ипол годишна соработка, па сега Германецот треба да реши дали ќе ја прифати, а во изминатиов период тој е без работа откако замина од клупата на Германија по неуспешниот еврошампионат.

Лев беше селектор на Германија од 2006 година после Мундијалот што се одржа во неговата земја, а во неговата ера стигна до светска титула во 2014 година во Бразил и до финале на Еуро 2008, кога Германците загубија од Шпанија.

Се вчитува...