Јубилеј од голот за паметење – кога Пандев владееше со Милано пред очите на Роналдињо

На денешен ден пред точно 11 години Горан Пандев го постигна еден од своите најубави голови во кариерата, решавајќи го градското дерби меѓу Интер и Милан со фантастичен погодок од слободен удар.

За Милан тогаш настапуваа Роналдињо, Пирло, Сидорф, Малдини… но тоа беше само мотив повеќе за Македонецот да испрати проектил во горниот агол од голот на „росонерите“, на огромна радост на навивачите на Интер.

Неколку минути претходно Пандев промаши зицер погодувајќи го дирекот во ситуација “еден на еден“ со голманот на Милан, но ова градско дерби ќе остане запаметен токму по фантастилниот погодок што Македонецот го постигна од слободен удар од дваесетина метри.

Се вчитува...