Јуве го нуди Кедира за порано да го добие Рамзи

Јувентус излезе како победник од трката по Арон Рамзи, договарајќи ги сите детали од петгодишниот договор со кој велшкиот ас ќе стане дел од „старата дама“. Договорот на Рамзи со Арсенал истекува на крајот од сезонава и тој како слободен играч ќе пристигне во Торино, но „старата дама“ не се откажува од намерата да го доведе овој играч веќе во текот на јануарскиот преоден рок.

Сами Кедира ќе биде „мамецот“ на Јуве во овие преговори, германскиот ас не е стандарден кај Масимилијано Алегри сезонава, па италијанскиот шампион е подготвен веднаш да го испрати во Арсенал доколку во размена за него го добие Рамзи. Последниот збор сепак ќе го има Унаи Емери, кој ќе треба да „пресече“ дали Кедира би бил добредојден во неговиот тим, или пак ќе го сочува Рамзи до крајот на сезонава, кога ќе донесе перманентна замена за Велшанецот.

Преговорите ќе продолжат во наредните денови, кога се очекува Арсенал и дефинитивно да „пресече“ околу статусот на Рамзи, кој ионака не е стандарден кај Емери сезонава.

Се вчитува...