Јувентус би го спасил Ромелу Лукаку од ’мизеријата’ на „Олд Трафорд“

Италијанскиот шампион Јувентус планира нови големи трансфери за следното лето. Кристијано Роналдо би можел да добие голема конкуренција во нападот во Ромелу Лукаку.

Белгискиот интернационалец игра во непрепознатлива форма во дресот на Манчестер Јунајтед, а најавите се дека би можел да си замине на крајот од сезоната, иако има актуелен договор со „црвените ѓаволи“.

Раководството на „Старата дама“ размислува за негов ангажман, доколку тој остане незадоволен со добиената минутажа, но и со ефектот што го има во клубот од „Олд Трафорд“. Според италијанските медиуми, Јувентус е подготвен да плати 80 милиони фунти за да го доведе во Торино.

Се вчитува...