Јувентус ја одреди цената за Пјаниќ

Јувентус е решен да доведе врвен играч за врска во текот на летниот преоден рок, а без разлика дали тоа ќе биде Погба или Иско, „жртва“ на „старата дама“ во оваа офанзива ќе биде Миралем Пјаниќ.

Босанскиот интернационалец и сезонава е клучен играч во средниот ред на Јуве, но челниците на италијанскиот првак сакаат да го искористат фактот дека Пјаниќ одлично котира на пазарот и добро да го наплатат неговото заминување. Италијанските медиуми информираат дека веќе е одредена и цената за поранешниот плејмејкер на Рома, и тоа огромни 70 милиони евра.

Планот е јасен, со продажбата на Пјаниќ да се покрие голем дел од отштетата за Иско или Погба, а во ситуација кога ПСЖ, Реал Мадрид, Челси и Барселона се интересираат за босанскиот ас, во таборот на „старата дама“ се надеваат дека ќе успеат да стигнат до оваа сума при продажбата на својот стандарден првотимец.

Се вчитува...