Јувентус сака да го задржи Манџукиќ до 2022 година

Италијанскиот првак Јувентус му понуди нов договор на хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ. Тренерот Масимилијано Алегри е презадоволен од неговите игри оваа сезона, тој постигна неколку одлучувачки голови во шампионатот, и раководството му подготви договор за продолжување на соработката до 2022 година. Со оглед дека тој има 32 години, доколу одлучи да остане во Торино, тоа би значело дека и можност да ја заврши кариерата во редовите на „старата дама“.

Манџукиќ има понуди и од Кина, каде би можел да заработи и многу повеќе пари, но, сепак, многу поизгледно е дека ќе ја прифати понудата на Јувентус за обновување на договорните обврски со шампионот на Италија. Хрватот од 2015 година го носи дресот на Јувентус, досега одигра 105 натпревари и постигна 30 гола.

Се вчитува...