Каков „кикс“ на Олсен: Рома победи, а Пандев промаши израмнување

Рома конечно ја прекина серијата од три кола без победа откако „волчицата“ вечерва по голема битка славеше над Џенова со 3-2. Триуфот е уште позначаен ако се земе во предвид фактот дека гостите два пати водеа во првото полувреме, а голманот Олсен направи катастрофална грешка со која му го подари на Пјатек првиот гол на натпреварот.

Фазио и Клајверт израмнија на 1-1 и 2-2 во првото полувреме, а на самиот старт од вториот дел Џенова поведе со голот на Лазовиќ, по уште еднаш слаба интервенција на Олсен, но по петминутно прегледување на снимката овој погодок беше поништен со ВАР-технологија. Кристанте потоа го постигна голот за победа на Рома на асистенција на Клајверт, а истиот фудбалер потоа од идеална позиција биеше само во дирекот.

Горан Пандев можеше да биде херој на Џенова на овој натпревар, Македонецот влезе во игра кон средината на второто полувреме, а во 89. минута од идеална позиција од пет-шест метри шутираше високо над голот.

Рома со овој триумф се искачи на шестото место на табелата, со само два бода заостанување зад четвртопласираниот Милан.

Се вчитува...