Каков смешен автогол… Трајковски и Палермо добија подарок гол од голманот на Асколи (ВИДЕО)

Палермо има предност од 1-0 против Асколи по првото полувреме од 18. коло во Серија Б благодарение само на повеќе од смешниот автогол кој си го постигна гостинскиот голман, Филипе Перучини.

Ретко виден автогол ширум светските терени сервираше Перучини во 26. минута од средбата… Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски и соиграчите не знаеја дали да се смеат или да се радуваат…

 

Трајковски е од првата минута во составот на Палермо на денешниот натпревар, додека Илија Несторовски не игра поради повреда.

Се вчитува...