Каква „бомба“ – Алиоски со еврогол за Лидс против ВБА

Езгијан Алиоски е во главна улога на мечот меѓу ВБА и Лидс, откако македонскиот репрезентативец постигна фантастичен погодок за водство на својот тим од 0-2.

Лидс веќе имаше почетно водство по автоголот на еден од домашните дефанзивци кога една топка стигна до Алиоски, а нашиот ас со проектил од работ на шеснаесетник ја зголеми позитивата на својот тим.

Погледнете ја оваа мајсторија на Алиоски, негов втор овосезонски погодок во Премиер-лигата…

Се вчитува...