Какво понижување за Тер Штеген, вчера испратен на трибини

Уште еднаш се покажа дека голманот Марк Андре Тер Штеген не е во плановите на германската репрезентација, се додека во селекцијата е Мануел Нојер. На вчерашниот дуел со Лихтенштајн, Тер Штеген не само што не беше на теренот, туку беше испратен на трибини од селекторот Ханс Флик. тер Штеген не беше ниту во плановите на Јоаким Лев, но се мислеше дека сето тоа ќе се смени со доаѓање на Ханс Флик. Но, ништо од тоа.

Тој добива повремено шанси, а последен пат бранеше на дуелот со Романија на 8. октомври на домашен терен, кога германскиот национален тим славеше 2:1. Бранеше и на дуелот со Македонија во Дуизбург, кој го доби Македонија со 1:2.

Вкупно има 26 настапи за селекцијата, но да не беше Мануел Нојер, сигурно бројката ќе беше далеку повисока. Тој важи за еден од најдобрите голмани во светот, а веќе осма сезона е дел од Барселона.

Се вчитува...