Во тек е натпреварот од 28. коло во германската Бундеслига, во кој се среќаваат Баерн Минхен и Хофенхајм, а домашниот тим веќе води со 1-0со погодокот на Бенџамин Павард во 17. минута.
Баварците овој натпревар го дочекаа во лоша атмосфера, а сето тоа поради инцидентот што се случи по натпреварот од Лигата на шампионите со Манчестер Сити на „Етихад“.
По поразот на Баерн од 3-0 во првиот осминафинален натпревар, Лерој Сане беше удрен од Садио Мане. Сенегалецот подоцна се извини, но тој не остана неказнет. Тој е суспендиран за денешниот меч со Хофенхајм, а дополнително треба да плати 500.000 евра.
Мане направи глупост во соблекувалната, свесен е и самиот, па дури се разговараше и за раскин на договорот поради ваквото насилно однесување на поранешната ѕвезда на Ливерпул.
На денешниот натпревар камерите успеаја да го фатат помодреното лице на Сане, што докажува дека инцидентот не бил нималку наивен.
🇩🇪🔴 First sighting of Leroy Sané since the incident with Sadio Mané after Man City game. Thomas Tuchel has started him vs Hoffenheim.
Bayern president Hainer: “He and Sané spoke out: Sadio apologised to the team and now we are looking ahead.” (BILD) pic.twitter.com/pHroEnEVAy
— EuroFoot (@eurofootcom) April 15, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА