Капитенски потег: Грнчаров го посети повредениот Комита во болница

Капитенот на Вардар, Бобан Грнчаров, направи потег за восхит, откако денеска го посети во болница повредениот Комита Злате, кој беше прободен во пределот на стомакот во улична тепачка близу Рекорд, по што неговиот живот беше сериозно загрозен. Откако здравствената состојба на 16-годипниот навивач на Вардар се подобри, Грнчаров го посети и му изрази поддршка од целиот тим на „црвено-црните“, подарувајќи му го својот дрес.

Ова секако ќе биде уште еден поттик за младиот Злате побрзо да се закрепне, откако тоа му го посакаа и „Комитите“ на последниот меч со транспарент, а поддршката дојде и од Германија, од братската група „Ултрас Гелзенкирхен“.

Се вчитува...