Кавадаречко славје – Аеродром не се освојува секој ден (ФОТОГАЛЕРИЈА)

По подолга пауза, конечно три средби беа на програмата во еден ден од домашната кошаркарска понуда. Дербито во Скопје заврши со неочекуван пораз на шампионот МЗТ Скопје, кој не можеше да го надополни отсуството на неколку стандардни првотимци. Дуелот долго време беше израмнет, но кога се очекуваше „металците“ да го зададат завршниот удар се случи токму спротивното, на теренот почнаа да доминираат избраниците на Самарџиев, кои на крајот заслужено стигнаа до победата.

Дарко Соколов одигра извонредно против својот поранешен клуб и со 30 поени ја предводеше кавадаречката „казнена експедиција“, која потврди дека сезонава има квалитет не само да се носи, туку и да го победи секој ривал на домашната кошаркарска сцена.

Славјето по мечот беше огромно, Аеродром не се освојува секој ден, но со играта покажана денеска кавадарчани имаат право да се надеваат уште на многу радости во текот на сезоната.

 

Се вчитува...