Кавани: Одев на психијатар после пресвртот на Барселона над ПСЖ

Уругвајскиот голгетер Едисон Кавани, оваа сезона е дел од Валенсија. Тој дојде во овој тим како слободен од Манчестер Јунајтед, а најголемите моменти на слава ги доживеа во ПСЖ и во Наполи. Во францускиот клуб го доживеа најтешкиот, а можеби и најболниот пораз некогаш. Станува збор за натпреварот 1/8 финалето во ЛШ кога ПСЖ играше против Барселона. ПСЖ во првиот меч славеше 4-0, а на реваншот и покрај водството и резултат кој ги носи во 1/4 финалето, Барселона победи со 6-1 и помина понатаму.

Тоа беше еден од најголемите пресврти во историјата на фудбалот, а КАвни призна дека после тој пораз посетувал психијатар.

„Морав да одам на разговор со психијатар после поразот од Барселона. Тоа остави многу трага на мене. Свесен сум дека станува збор само за фудбал, но тоа ме погоди. Бев многу разочаран, ме облеваше ладна пот, имав напади на вртоглавици, се плашев од спиење. Лекарот во Париз ми кажа дека не сум единствен кому тоа му се случило“, рече Каван, кој на „Ноу Камп“ беше стрелец на единствениот гол.

Кавани тогаш погоди за 3-1, и кога се чинеше дека е се готово, Нејмар во 88 и во 91 минута донесе 5-1, а Серхи Роберто погоди во 95. минута и така се случи еден од најголемите пресврти во историјата.

Се вчитува...