Кедира гледа кон Париз, Тухел се уште размислува

Германскиот интернационалец Сами Кедира најверојатно ќе го напушти Јувентус до крајот на летниот преоден рок. Тој не е во плановите на новиот тренер Андреа Пирло, а негова следна дестинација би можел да биде Париз. Агентот е во преговори со раководството на ПСЖ, иако тренерот Томас Тухел се уште размислува дали искусниот Германец е вистинското решение за неговиот тим.

На ПСЖ му се потребни засилувања во сите линии, откако на стартот на сезоната се увиде дека ростерот е мал кога ќе се повредат неколку фудбалери. Најавите велат дека од „Паркот на принцовите“ најверојатно ќе си замине и Леандро Паредес, а токму Кедира би можел да биде негова адекватна замена во средниот ред.

Се вчитува...