Кеита го напушта Ливерпул и се враќа во Германија

Играчот од средниот ред на Ливерпул, Наби Кеита би можел да се врати во Бундеслигата. Договорот на фудбалерот од Гвинеја истекува ова лето, а веќе има интерес за неговите услуги.

Борусија Дортмунд прва се јави за неговиот потпис, и гледа во него идеална замена за Махмуд Дахуд кој ќе го напушти тимот по завршувањето на сезоната.

Освен „милионерите“, за Кеита има интерес и од неговиот поранешен тим Лајпциг. Тој настапуваше за „биковите“ до 2018 година кога замина во Ливерпул и сега сака да се врати во Германија.

Се вчитува...