Кејн идната година се враќа во Тотенхем!?

Менаџерот на Тотенхем, Томас Франк се залага англискиот репрезентативец Хари Кејн да се врати во Тотенхем. Тој е играч на Баерн Минхен, а се шпекулира дека во неговиот договор постои клаузула за која имаат право да го откупат за 57 милиони на крајот од сезоната.

Со тоа се разгори мечтата на фановите на Тотенхем да го вратат назад својот некогашен прв голгетер, кој сега е одличен во Баерн Минхен. Неколкупати имаше шпекулација за негово враќање во Премиерлигата, но на крајот тој остана во Баерн Минхен.

„Многу навивачи на Тотенхем, вклучувајќи ме и мене, би сакале да го видат враќањето на Кејн. Тој е врвен играч. Да бидам искрен, не мислам дека ќе се врати идното лето, веројатно ќе остане во Баерн и ќе продолжи да игра добро таму. Минатата сезона беше најдобар стрелец, ја освои лигата, одлично се снаоѓа. Не знам што размислува. Лично, јас сакам да патувам и да учам нови работи. Кејн играше тука многу години, и верувам дека ужива во Баерн, затоа што игра на врвно ниво. Но, секогаш вратата е отворена за него“, изјави Франк. 

Се вчитува...