Келн го изненади Ајнтрахт Франкфурт (ВИДЕО)

Иако Ајнтрахт важеше за благ фаворит во дуелот со Келн, и имаше можност да се зацврсти на четвртото место на табелата, сепак, тимот од Франкфурт остана без бодовите.

Келн во вториот дел со два гола го реши прашањето околу победникот. Најпрво Хиберс во 49. минута донесе водство, а Скири во 71. минута зголеми на 2-0. Истиот фудбалер во 87. минута ги постави конечните 3-0.

Тимот од Франкфурт одигра подпросечен меч, со само еден директен обид кон голот на Келн, кој продолжува со добрите партии на свој терен.


Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...