Kецмановиќ освои само еден гем, па го предаде мечот против Медведев

Рускиот тенисер Данил Медведев без никакви проблеми се пласираше во третото коло на вториот гранд-слем турнир во сезоната, Ролан Гарос.

Тој стигна до третата рунда во „Булоњската шума“ откако мечот во второто коло неговиот противник Миомире Кецмановиќ го предаде при водство за русинот од 1-0 во сетови (6-1) и 5-0 во вториот сет.

Во третото коло Медведев за противник ќе го има подобриот од мечот меѓу Чехот, Томаш Махац (кој славеше над Ѓоковиќ во Женева) и Аргентинецот, Мариано Навоне.

Се вчитува...