Киеза со два гола во финишот ја однесе Фиорентина во четвртфинале на Купот

Федерико Киеза е човекот на одлука во осминафиналната пресметка меѓу Торино и Фиорентина од Купот на Италија. Со два погодоци во самиот финиш на натпреварот Киеза успеа да ја однесе Фиорентина меѓу осумте најдобри екипи во најмасовното клупско натпреварување на Апенините.

Киеза првиот гол го постигна во 87. минута, а потоа стрелаше и во 92. минута за конечна победа од 0-2…

 

Вчера, пласман во четвртфиналето обезбедија и Лацио, Милан и Јувентус.

Се вчитува...