Кире Ристевски продолжува во АЕЛ Лимасол

Уште еден македонски репрезентативец својата кариера ја продолжува во кипарскиот шампионат. Дефанзивецот Кире Ристевски е пред преселба во АЕЛ Лимасол.

Дел од кипарските медиуми информираат дека АЕЛ е веќе во преговори за трансфер на 30-годишниот Ристевски. Одобрение за трансферот има и од актуелниот клуб на македонскиот фудбалер унгарски Ујпешт.

Во редовите на АЕЛ Лимасол веќе настапува македонскиот младински репрезентативец Давор Здравковски.

Претходно во својата кариера Кире Ристевски има настапи и за Пелистер и Работнички во Македонија, албанските Елбасан, Тирана и Билиш Балш, бугарскиот прволигаш Славија Софија како и унгарски Вашаш.

Се вчитува...