Кирјос: Ако бидам подобар човек ќе бидам и подобар тенисер

Австралискиот тенисер Ник Кирјос вели дека е задоволен од однесувањето во последните месеци и дека успеал паметно да ги согледа работите кои се однесуваат на неговата кариера.

„Играта никогаш не беше проблем, мислам дека требаше да средам некои работи надвор од теренот. Во последните неколку месеци успеав да ги видам работите објективно. Беше тоа големо искуство со се што се случуваше, но сакам да продолжам по правиот пат. Имам неколку турнири во следниот месец и ќе пробам да бидам подобар секој ден. Мислам дека ако бидам подобар човек ќе бидам и подобар тенисер. Веројатно тоа го покажа турнејата во Австралија“, изјави Кирјос. 

Австралиецот додаде дека сака да напредува во играта секој ден, сака да биде позитивен на теренот, но и ќе продолжи да донира пари за секој ас.

Се вчитува...